Новости

Битола инфо

Промовирана првата SN VISA картичка – едноставно и флексибилно до брзи пари (Видео+фотогалерија)

Елегантна по изглед, совршена за секој кој сака да стигне едноставно и флексибилно до брзи пари. Промовирана првата SN VISA card, која е резултат на партнерска соработка помеѓу првата Финтек компанија во Македонија основана со домашен капитал Финансиското друштво СН Финансии, Силк Роад Банка и VISA.

Оваа картичка клиентите можат да ја добијат за само 15 минути, што всушност претставува најкраток рок на чекање до кеш кој е познат на овие простори.

„Ова денес е фазата каде што се финансиските ситеми во светот сега, но ова е и фазата каде што сме ние сега и не заостануваме ни чекор, зошто оваа фаза се вика партнерство, во светот познато уште од 2017, а кај нас прво помеѓу банка и финансиско друштво. Можеби прескокнавме некоја фаза, можеби ни недостигаат и некои сегменти од Финтек индустријата, можеби ни недостигаат и некои закони кои ќе го забрзаат развојот, но во одреден сегмент токму во Финтек сферата сме на исто ниво како целиот свет и за тоа треба да сме горди! Да се вратам на зборот партнерство, тој звучи моќно, особено ако партнерите целат високо. Финансиското друштво СН финансии со Силк Роад Банка и Visa направија партнерство кое креира нова иднина во сферата на финансиите во нашата земја. Ние сме во еден брзорастечки глобален систем со конкуренција која е галопирачка. Но, конкуренцијата е здрава, не мотивира, не прави покреативни и поиновативни. Развојот на Финтек индустријата во светот и кај нас е неминовен, а ние сме лидери и сме горди на тоа“, истакна Никола Јошевски, генерален менаџер на Финансиското друштво СН Финансии на прес-конференцијата која што се одржа во Битола.

SN VISA card е идеална за секој кој сака брз кеш. Поврзаноста со лидерот на глобално ниво за дигитални плаќања VISA е гаранција дека ова ќе овозможи побрз пристап до кеш за поединци, бизниси и економии кои сакаат да напредуваат. VISA има издадено повеќе од 3,5 милјарди картици, прифатена е од 70 милони трговци и има моќ да процесира 65,000 трансакции во секунда. Незапирливиот фокус на Финансиското друштво СН Финансии е кон иновации, како основен катализатор за брзиот раст на дигиталната трговија на кој било уред за секого, насекаде.

СН Финансии за мошне кратко време, одлично се позиционира на пазарот, каде што изгради имиџ на брз и квалитетен сервис на полето на кредитирањето, платежните картички, издавањето на гаранции, како и факторинг услугите. Компанија која е целосно орентирана кон клиентите и со евидентен стабилен и здрав раст во изминатите 5 години.

СН Финансии е една од водечките Финтек комапнии во овој дел од Европа, кои наметнаа дигитална револуција во онлајн кредитирањето.
Компанијата е препознатлива и по сите свои проекти кои ѝ го даваат епитетот на општествено-одговорна комапнија која ги поместува границите кога станува збор и за корпоративна култура, која е суштински темел на нејзиниот успех.

Фото: Мите Доневски

Евротип
Евротип
To Top