Новости

Битола инфо

Пронајдена дрога во угостителски објект во Битола, присуство на лица без сертификати

На 11/12.12.2021 во времето од 23.30 до 02.30 часот направена е контрола од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола и Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, во координација со Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат, во два угостителски објекти во Битола и тоа еден лоциран на ул.Широк сокак во Битола и еден  лоциран на ул.Партизанска во Битола. При контролата, во објектот на ул. Широк сокак пронајдена е марихуана, две пакувања со бела прашкаста материја и три таблетки. Приведено е едно лице за утврдување на идентитет, а лишени од слобода се и осум лица по чл. 215 од КЗ (неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци…). Од страна на Државен пазарен инспекторат  констатирани се неправилности односно утврдено е присуство на пет лица без Ковид сертификати и за тоа ќе следат соодветни поднесоци.

Во објектот на улица Партизанска констатирани се прекршоци по чл.4 (карање, викање и дрско однесување) и чл.6 (нарушување во пијана состојба) од Законот за прекршоци против јавен ред и мир при што се приведени три лица.  Лишено од слобода  е едно  лице по член. 382 од КЗ (спречување на службено лице при вршење на должност), а од Државен пазарен и инспекторат  констатирано е  присуство на едно лица без ковид сертификат и едно лице со лажен ковид  сертификат.

Евротип
SNBROKER
To Top