Новости

Битола инфо

Протест во Битола против поскапувањето на струјата

Денеска и во Битола се одржа протест против поскапувањето на струјата. Групата граѓани се собраа пред музејот, оттаму се упатија низ Широк Сокак до плоштадот Магнолија каде имаше обраќање од организаторите за насобраните граѓани.

Ова се барањата:

1. Итно поништување на последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на електричната енергија.
2. Владата да ја распушти Регулаторната комисија за енергетика, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорации на грбот на граѓаните.
3. Формирање независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги.
4. Владата да ги врати приватните компании за дистрибуција на електрична енергија под државна администрација.
5. Намалување на цената на електричната енергија за 46 % (отстранување на 33 % од цената за ангажираната моќност која до пред неколку години во сметката за електрична енергија беше посебна компонента и потоа вклучена во општата цена, а попустот ДДВ од 18 % на 5 %).
6. Владата итно да го раскине неславниот договор со ЕВН, приватниот дистрибутер на електрична енергија во РСМ, кој со години го злоупотребуваше монополот даден од Владата.
7. Простување на сите камати од сметките на ЕВН што граѓаните до сега не ги платиле бидејќи сметаме дека високите сметки генерирани од ЕВН се главната причина за нивно неплаќање на време. Со оглед на високата цена на електричната енергија со порастот на цената за повеќе од 230 % во последните 14 години, сметаме дека граѓаните плаќале и камата и камата над камата со плаќање на тие сметки. Затоа камата за тие астрономски сметки ја сметаме за незаконска и законски грабеж.

 

GOLD
To Top