Новости

Битола инфо

Протест во Битола против пресудата за полицаецот Гоце Петковски

Вечерва во Битола се одржа протест против судската пресуда за полицаецот од Битола Гоце Петковски, според која доби една година затвор за инцидентот од септември минатата година.

Прво мото протест низ градот одржаа неколку полициски синдикати.

Според Гоце Делчев -Тодев, претседател на Независниот синдикат на полицијата сите синдикати се обединуваат и од Битола почнуваат една сериозна синдикална битка. Тие очекуваат праведна, ослободителна пресуда.

Според Никола Кирковски, претседател на Синдикатот на полицијата, судот не ги зел предвид сите докази.

Горан Ристевски од Незвисниот синдикат на затворска полиција и администрација рече дека од понеделник ќе поднесат барање за измени и дополнувања на Законот за кривична постапка за полициските лица вработени во МВР и затворите да не се гонат како за организиран криминал.

Во 17 часот пак започна протестот на граѓанската иницијатива со иста цел, ослободителна пресуда за полицаецот. Тргнаа од Офицерски низ Широк Сокак и завршија до пред судот во Битола.

 

 

Евротип
SNBROKER
To Top