Новости

Битола инфо

Протест на ВМРО ДПМНЕ и во Битола за оставка на Заев

Вечерва ВМРО-ДПМНЕ Битола организираше протест со автомобили, поради пандемијата, кој започна од пред зградата на СДСМ во Битола.Протестот беше организиран под мотото “Оставка на Заев, слобода на народот“ продолжи по улиците “Кирил и Методиј“, Булеварот “1-ви Мај“, “Васко Карангелевски“, “Партизанска“, и на крај по “Климент Охридски“ за да заврши пред споменикот на Стив Наумов, кај Офицерски.Пред почетокот на протестот пораките ги упатија претседатеот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Битола, Иванчо Тошевски и Владимир Ѓорчев, кои рекоа дека овој протест е надпартиски и општонароден, протест на сите кои ја сакаат Македонија и против најголемото зло кое и се случува на Македонија.

– Значи, она што се случува во Македонија е навистина еден изворен и оправдан револт. Македонија никогаш не била попонижена. Македонија никогаш не била поопљачкана. И затоа Македонија се буди. Ова не е само партиски контекст, ова е општонароден контекст, ова се сите луѓе кои што силно, силно ја сакаат и ја љубат Македонија – рече Ѓорчев.

-Ние сме овде, на заеднички протест обединети против ова досега незапамтено зло што и се случува на Македонија.
Сите ние имаме обврска пред:
СТИВ НАУМОВ
ЕЛПИДА КАРАМАНДИ
ДИМИТАР НИКОЛОВСКИ(ТАКИ ДАСКАЛО)
ТОДОР АНГЕЛОВСКИ(ТОШО ДАСКАЛО)
ПЕЦО БОЖИНОВСКИ
БЛАЖЕ ДИМИТРОВСКИ РОГОЗИНАРО
ЃОРЃИ НАУМОВ
КОЧО ДЕСАНО
ЕСТРЕЈА ОВАДИЈА – МАРА, луѓето кои своите животи несебично ги подарија за денешнава слобода во борбата со фашистите.
Оваа битка можеме да ја добиеме само ЗАЕДНО сите!
Но, за жал, уште еднаш морам да ги повикам и Наташа Петровска, Бисера Костадиновска, Златко Ќурчиевски, Горан Милевски кои, за жал не се одважија и не успеаја да излезат од сопственото партиско сервилно полтронство и да му речат НЕ на Заев, кој што дефинитивно е најголемата опасност за македонските национални интереси. Ја коцкаат својата последна шанса да бидат почитувани граѓани на Битола.
Се што досега зборувале и во што се колнеле било лага, рече Тошевски.

GOLD
To Top