Новости

Битола инфо

Ракотворците традиционално на Широк Сокак иако во отежнати услови заради Ковид 19

„Во срцето на Битола” е манифестација која се случува традиционално веќе 16 пат, а е во организација на ЗУР Македонски ракотворби. Како и секогаш, ракотворците со своите ракотворби го украсуваат градот на иста локација – Широк Сокак во ист термин од 27.07 до 02.08 .


„Без финансиска поддршка и во многу отежнати услови заради Ковид состојбата, сепак манифестацијата ја одржуваме волонтерски и со мал број гости – ракотворци од други градови на Македонија. ЗУР останува доследен на својата мисија во зачувување, вреднување, афирмирање и презентирање на македонската култура и традиција. Битолчани и сите кои минувате низ Битола деновиве, ве поканувам да ја посетите манифестацијата и да им дадете поддршка на македонските ракотворци“, истакна Снежана Јанкулова, ЗУР Македонски ракотворби – Битола.

GOLD
To Top