Новости

Битола инфо

Реакција на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола за последното невреме во Битола

Реакција на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола за последното невреме во Битола.

„Доволно беше еден пороен летен дожд за на граѓаните да им се потврди апокалиптичната слика за неработењето и нефункционирањето на оваа локална самоуправа и неспособната Наташа Петровска.
Вистината, секогаш го наоѓа патот и излегува на виделина и вчерашната состојба низ битолските поплавени улици само е симболична слика на штетата што ја трпат граѓаните заради оваа неспособна локална власт и најнеспособната градоначалничка. Граѓаните и општина Битола имаат реални локални проблеми кои локалната самоуправа треба да ги реши…Наместо тоа оваа алиби власт, освен со замајување на јавноста не направи буквално ништо околу она за што впрочем и ја доби поддршката на локалните избори во 2017 та година…Затоа време е обновата да почне од Битола, прво Заев и Шеќеринска да бидат минато, а идната година во историјата да замине и најнеуспешниот градоначалник на Општина Битола, Наташа Петровска!“, изјави Васко Мавровски од ОК ВМРО ДПМНЕ Битола.

GOLD
To Top