Новости

Битола инфо

Ротаракт Широк Сокак донираше прочистувачи и диспензери во Здравствениот дом и болницата во Битола

Уште една успешно реализирана донација во ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола и ЈЗУ Клиничка Болница „Др. Трифун Пановски“- Битола Оддел Гинекологија.

Овој пат донирани се три прочистувачи за воздух и два апарати – средства за дезинфекција односно безконтактни механички диспензери
Во период каде што сме на крајот со битката против Ковид-19 нашиот клуб повторно не ги заборава хероите во истата,овој пат со различна донација од претходно.


Донацијата е во вредност од 40.000 денари, финансирани од членови од клубот а набавени од SenGroup.mk & Синпекс.

-Како координаторка на проектот, инспирирана од квалитетниот кадар од јавното здравство со кој имавме успешна соработка како и водени од приоитетите, јавното здравје и чистиот воздух, чест е што придонесуваме за поквалитетен престој и заштита на пациентите, докторите и најмладите битолчани во здравствените установи во нашиот град – рече Ангелина Стојаноска.

-Наша задача како општествено одговорен клуб е да се грижиме за подобро утре, така оваа донација нема да биде последна во здравствените институции во Општина Битола- рече  Дејан Петровски, Претседател 2020/2021. год.

GOLD
To Top