Новости

Битола инфо

Салата „крца“ – нема игла каде да падне (ВИДЕО)

Битола повеќе од една деценија чека нова шампионска титула во мак-ракометот, па сосема разбирлива е еуфоријата што владее во „градот на конзулите“ во пресрет на денешното дерби со Вардар.

Салата е исполнета до последно место на повеќе од еден час пред почетокот на мега-пресметката со „вардарци“, а меѓу присутните битолчани дојде до ерупција од воодушевување кога во салата беше пуштена песната „Ако одам во Битола“.

Евротип
SNBROKER
To Top