Новости

Битола инфо

Свадбарските работници од Битола побараа укинување на забраната за семејни веселби

Свадбарските работници вчера од Битола побараа да се се укине забраната за одржување семејни веселби и свадби и да се донесе протокол за одржување на истите, за што испратиле писмо и до Владата, Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство. Од неформалната група свадбарски работници велат дека голем дел од овие дејности се на работ на егзистенцијата.
На вчерашниот мирен протест присуствуваа музичари, угостители, сниматели, преставници од цвеќарници, кетеринг и сите придружни дејности поврзани со свадбите.

GOLD
To Top