Новости

Битола инфо

СВР Битола билтен: Маж му се заканувал по живот на полицаец, физичка пресметка на паркинг во Битола

Вчера во 16 часот во СВР Битола било пријавено дека околу осум часот пред бензинска пумпа во Битола, Љ.Т. кој управувал патничко моторно возило„мерцедес“ со велешки регистарски ознаки упатувал закани по живот кон полициски службеник од СВР Битола, по што го напуштил местото на настанот.За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2020 во 20.55 часот во Полициска станица Битола, било пријавено дека на паркинг во Битола дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.С.(43), И.В.(39), Г.Б.(22) од една страна и Н.С.(30) од друга страна, сите од с.Баница- Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

GOLD
To Top