Новости

Битола инфо

СВР Битола: Почитување на протоколот и заштитните мерки за илинденските празници

Да се почитуваат протоколите и препораките за заштита во пресрет на илинденските празници, апелираат од Секторот за внатрешни работи од Битола.

Во соопштението до јавноста СВР Битола нагласува дека со оглед на пандемијата и протоколите и препораките за заштита, годинешните свечености за одбележувањето на илинденските празнувања, се сведени на минимум, без поголеми собирања на граѓани на отворено.

-Согласно со препораките и протоколот за одржување и одбележување на државни празници што го усвои Владата на Република Северна Македонија, а по повод одбележувањето на престојниот државен празник 2 Август-Илинден, поради пандемијата со Ковид-19, годинешниве свечености се сведени на минимум, без поголеми собирања на граѓани на отворено. Затоа апелираме да се почитуваат сите препораки од надлежните служби, да се почитува протоколот за превоз на патници изготвен од Комисијата за заразни болести, а се однесува на максимум три лица во патничко возило, односно 50 отсто од капацитетот на автобусот или минибусот, како и избегнувањето поголеми групирања и задолжително носење на заштитни маски за сите гости, посетители, учесници, тимови, членови на здруженија и организации, информираат од СВР Битола.

GOLD
To Top