Новости

Битола инфо

СВР Битола: при претрес пронајдена дрога, оружје, приведен дилер, одземено огревно дрво без документација

На 26.10.2022 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода 26 годишник од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, пиштоли и куршуми. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.10.2022 на ул.„Генерал Васко Карангелевски“ во Битола, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола затекнале две лица како во патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки превезуваат огревно дрво без документација. Возилото и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе следува соодветна пријава.

Евротип
SNBROKER
To Top