Новости

Битола инфо

СДСМ за кампањата на ВМРО ДПМНЕ

Прес-конференција на портпаролот на СДСМ Битола – Невена Димовска.

„Во отсуство на креативност и идеи, но со силно чувство на немоќ, последните денови пред изборите сведоци сме на страшно примитивна кампања од страна на ВМРО – ДПМНЕ во која, после понижувачките и навредувачки спотови, на ред дојде уништувањето и чкртањето на јавните површини и се разбира за нив карактеристично – сеењето страв со нивните лажни вести!

Нервозата и паниката во редовите на ВМРО – ДПМНЕ си го направија своето, го покажаа нивното вистинско лице и нивните намери за овај град кој синоќа уште еднаш се обидоја да го уништат како што тоа го правеја 12 години.
Со синоќешниот вандализам им паднаа маските и сите ветувања за чиста средина, чиста Битола и екологија. Три години вложуваме да ја вратиме културата и сјајот на нашиот град, но за една ноќ ВМРО – ДПМНЕ докажа дека власта им е најважна и пред сѐ.

Иако Битола секогаш била коректна политичка арена, ДПМНЕ покажа дека не знае да води фер, коректна и безбедна кампања. Оваа недолична кампања на Мицкоски и УМС, која многу потсетува на манирите на режимските кампањи на Груевски, треба да престане, бидејќи не носи добро никому, ниту буди поттик или позитивни промени за младите. Тоа што немаат идеја, немаат програма ниту став за важните прашања не е изговор.

Останува да видеме дали до крај ќе бидат злоупотребувани институциите од ВМРО- ДПМНЕ, па уште еднаш МВР на чело со Чулев и неговите соработници, ќе биде соучесник во ваквите партиски активности и ќе остане нем посматрач како и досега. Со неговото досегашно однесување и капацитет се сомневаме дека ќе може да обезбеди фер и демократски однос од неговата матична партија.
Сомнеж за судир на интереси и неетичко однесување даваат и одобрените пријави за гласање на хронично болните од страна на кандидатката за пратеник Олга Лозановска, вкупно 29, за што СДСМ ќе поднесе претставка до Државната изборна комисија и Антикорупциска.

Почитувани граѓани, на 15 ти јули гласаме за функционални и капацитетни институции кои ќе продолжат да работат за и во интерес на граѓаните. Обнова на режимот нема да има!!!“, истакна Димовска.

GOLD
To Top