Новости

Битола инфо

Седум новозаболени денеска во Битола

Денес на регионот на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола потврдени се 10 нови случаи на COVID-19:
– 7 лица во Битола (на возраст од 38 до 83 години), од кои три лица даваат податок за контакт со веќе регистрирани позитивни лицa (фамилијарен контакт), а едно лице е од веќе познат кластер. Останатите три лица се меѓусебно не поврзани и не даваат податок за контакт со позитивно лице,
– 2 лица во Кичево (на возраст од 45 и 49 години) од кои едно лице дава податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт),
– 1 лице во Ресен (на воздраст од 40 години) кое не дава податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице.
Во Демир Хисар денес не се регистрирани нови позитивни случаи на COVID 19.
Денес согласно алгоритмот регистрирани се 3 оздравени лицe од Битола, 3 од Кичево и 1 лице од Ресен.
ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола

GOLD
To Top