Новости

Битола инфо

Од понеделник се отвораат читалните

Од понеделник читалните се отвораат во согласност со препораките на Владата и Министерство за култура, почитувајќи ги сите хигиенски и просторни мерки, известија од битолската библиотека.

Од понеделник се отвораат двете сали за промоции во Библиотеката, во согласност со препораките на Владата и Министерство за култура, почитувајќи ги сите хигиенски и просторни мерки. Дополнително, во организацијата на настаните ќе биде задолжително носење на маски, одржување на физичка дистанца, дезинфекција на раце и засилени санитарно-хигиенски мерки.

ПЛАН ЗА ОТВОРАЊЕ НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ БИТОЛА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА

Секоја Библиотека се задолжува врз основа на општите препораки на Владата и Министерство за култура да ги донесе своите Правилници за работа во услови на пандемија кои се прилагодени на условите на библиотеката. Во Битола вработените по сектори имаат протоколи за работа кои се произлезени од актот за систематизација на работните места и во согласност со COBISS програма за автоматизација на библиотечното работење, со почитување на правила за ракување со библиотечната граѓа кои се дел од Правилникот за користење на библиотечната граѓа во услови на пандемија.

СОДРЖИНА:

1.Дезинфекција на просторот и работните површини

2.Планирање по Сектории работно време

3.Водич(правила за однесување)за вработените

4.Водич за корисниците

5.Отворање на читални

 

Повеќе за протоколите на следниот линк:

http://www.nuub.mk/dmdocuments/PlanZaOtvoranje.pdf?fbclid=IwAR3W_Z31BZcFyhRauujk6UX9l1pvTbfR1hpKWpatCZANsP0SPqUaJUgNi0o

GOLD
To Top