Новости

Битола инфо

Се подготвува салата на Медицинското училиште каде што ќе се врши вакцинацијата во Битола

Како што беше најавено од страна на министерството за здравство по примерот со спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје и во други грaдови ќе се врши имунизација против Ковид 19. Тоа се градовите Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово, a овие градови ќе ги покриваат реоните околу нив.

Во Битола имунизацијата ќе се врши во спортската сала на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“, каде се подготвува теренот за поставување и опремување на салата за масовно вакцинирање. Министерот Филипче рече дека и во Битола вакцинацијата ќе се спроведува со кинеската вакцина, која кон крајот на месецот се очекува да пристигне во Македонија.

„Општина Битола ги има сите досегашни чекори проследено, а кои ги има добиено како инструкции. Нашиот центар за имунизација ќе биде во спортската сала на медицинското училиште, преземени се сите почетни чекори, сите консултации и создравање услови, во смисла конструкции на параваните, набавка на компјутерска техника и се она што како задолженија ги прифативме и сакавме како општина да ги реализираме и на тој начин да придонесеме за тој процес што побрзо и поуспешно да биде реализиран. Активностите се започнати уште изминатата недела. Кога ќе започне имунизацијата не зависи само од тоа, туку и од тоа како ќе биде организан медицинскиот персонал, но многу набрзо масовната имунизација ќе ја имаме во нашиот регион“, рече градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

GOLD
To Top