Новости

Битола инфо

Силниот ветер корнеше дрвја во Битола

Силен ветер во текот на ноќта ја погоди Битола. Го имаше и во други региони и според Управата за хидрометеролошки работи на моменти достигнувал брзина и над 60 км на час.

Ветерот кој неколку часа беснееше и во Битола предизвика штети, главно на урнати дрвја, паднати паноа, скинати кабли, објави ТВ Тера.

Откотрнати дрвја имало кај Факултетот за информатички и телекомуникациски технологии, во дворот на ОУ „ Климент Охридски“, кај месноста викана Тепсија, односно кај Месната Заедница, во градскиот парк во Битола. Директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски рече дека нивни екипи интервенирале на повеќе локации во градот и дека силниот ветар откорнал и 10 тина дрва во градскиот парк, каде што претпрладнево се работи на нивно расчистување.

Нивни екипи интервенирале и во расчистување на паднати две дрвја во Буковските гробишта и други две од страната на Зоолошката градина. Дрвјата се отстранети, за среќа како што вели Богоевски нема оштетени споменици.

Силниот ветер превртил и неколку контејнери на неколку локации од градот.

Имале и помали интервенции, односно машински и рачно ги расчистувале улиците и тротоарите од искршените гранки и лисја од дрвјата. Остануваат на терен, до целосно расчистување на улиците, а интервенираат и по дојава на граѓани, вели Богоевски.

При силниот ветер доаѓа и до прекини во уличното осветлување. И таму „Комуналец“ како одржувач на јавното осветлување интервенирале и апелираат до граѓаните доколку забележат штета од ветерот да пријават во претпријатието.

GOLD
To Top