Новости

Битола инфо

Синоќа гореше кај турските гробишта во Битола

Фото: Тв Тера

Пожар вчерва избувна кај населбата „Ушици“ во Битола, односно во делот на старите турски гробишта. Во противпожарната единица на Битола пожарот е пријавен во 23:15 часот и таму нивна екипи интервенираат.

Горела трева. Не е прв пат да се опожарува овој дел од градот, речиси секое лето овде има пожари.

На терен покрај пожарникарите беа и полициски службеници кои ги регулираа движењето на возилата по “Илинденска“ со цел да не им се прави дополнителни проблеми на пожарникарите.Пожарникарите интервенираа од страна на улицата “Илинденска“, а пожарот стигна во близина на дел од куќите, но со навремена интервенција се локализира пожарот.

Беше запалена и гореше сувата треба на Турските гробишта, а тоа се прави секоја година, поради високата трева која никој не ја коси.

СН Брокер
To Top