Новости

Битола инфо

Ски центарот Нижеполе почнува со работа – викендов гратис користење на ски лифтот

Јавното претпријатие “Стрежево” информира дека скијачката сезона на Нижеполе почнува од утре, а овој викенд (сабота – 16 јануари и недела – 17 јануари) ќе биде промотивно и бесплатно.

„Нижеполе почнува да блеска во сиот свој сјај, а сите оние кои сакаат барем малку да избегаат од градските гужви, ги покануваме да се упатат кон нашиот планиниски бисер. Патиштата се чисти и проодни, но сепак ви препорачуваме да возите внимателно, и секако, да не заборавите да ја понесете задолжителната зимска опрема. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од COVID -19. Ве очекуваме на ски – патеките, на свеж воздух и планински чај, и да започнеме успешна сезона на задоволство на сите љубители на планината и зимските скијачки авантури!“, велат од ски центарот Нижеполе.

GOLD
To Top