Новости

Битола инфо

„Смислата на животот“ – прва премиера на битолскиот театар за оваа година

Дали во душата на човекот може да се бара причина за огромната омраза и злоба во општеството, како онаа кон Евреите? Ако е така, дали искоренувањето на таа злоба и на сите други општествени проблеми може да се најде во лекувањето на индивидуата, независно од тоа дали таа индивидуа е предатор или плен? И дали таа општествена болест е производ на идеологијата, која е над  човечкиот ум, над психолошките толкувања, над сите лекувања, па тоа ја прави уште пострашна? Овие прашања се сржта на Смислата.

Идо Нетанјаху

Народниот  театар Битола започнува со првиот од четирите нови проекти за оваа година. Прва претстава за оваа година е „Смислата на животот“, текст на Идо Нетанјаху, во режија на Благој Мицевски. Се работи за светска праизведба на текстот на Нетанјаху. Текстот ја обработува тематиката на Евреите, холокаустот…

– Идо е еден од најзначајните автори на Израел и наш искрен пријател кој посредуваше околу претставување на НТБ во Израел и се надеваме дека оваа соработка нема да застане. Го очекуваме да дојде во понеделник, ќе биде тука и на нашата премиера, рече Валентин Светозарев директор на Народен театар Битола.

Премиерата на првата претстава ќе се случи на 28 февруари во вторник, а претпремиерата е  во понеделник. Претставата ќе се игра на големата сцена, но ќе биде за ограничен број публика.

-Би сакал да им се заблагодарам на сите и на авторот што се впуштија во овој неминовно тегобен текст и тема со која што се сретнуваме секојдневно и која ни помогна на сите нас да размислуваме што правиме, како правиме, колку придонесуваме за светот во кој живееме да стане подобар, рече Благој Мицевски, режисер на претставата „Смислата на животот“.

Во претставата главната улога ја игра Петар Горко како доктор Франкл, потоа играат Васко Мавровски, Соња Михајлова, Сандра Грибовска, Иван Јерчиќ, Борче Ѓаковски и Ангел Мицевски.

 

GOLD
To Top