Новости

Битола инфо

Снег на Пелистер

Промената на времето донесе снег и на врвот Пелистер, каде наврнале 2-3 см, пренесува ТВ Тера.

Врнежите од снег почнале во текот на ноќта.

Фотографијата е на битолчанецот Јонче Илиевски-Мурато кој работи на предавателниот пункт Антена, а кој утрово имаше објавено дека падна снег на Пелистер.

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови каде ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне.

Во Битола денеска дневната температура до 18 степени.

GOLD
To Top