Новости

Битола инфо

Снежно и студено утро во Битола

Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи, утрово во Битола биле измерени минус осум степени, а измерената снежна покривка изнесува 23 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Претпладне во јужните делови со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3 степени.

До 7 часот утринава измерена е снежна покривка од 32 сантиметри на Попова Шапка, 23 сантиметри во  Битола, 10 во Охрид и Крушево, 8 во  Претор, 7 во Маврови Анови, 5 во Берово, 4 во Дебар, 2 сантиметри во Крива Паланка и Тетово.

Најстудено утрово беше во Крушево, измерени беа -10 степени, потоа во Битола и Берово -8, -6 Крива Паланка, -5 Претор, Дебар, Куманово, -4 Охрид, Прилеп, -3 Тетово, Штип, -2 Скопје-Петровец, Струмица, -1 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, 0 Дојран.

 

GOLD
To Top