Новости

Битола инфо

СН Осигурителен Брокер А.Д Битола додели 22 ваучери на вработените во Центарот за Јавно здравје – Битола

Во текот на вчерашниот ден СН Осигурителен брокер А.Д Битола на 22 вработени од Центарот за јавно здравје – Битола, им додели ваучери во вредност од по 3.000 денари, како посебно вреднување на трудот, кој тие го вложија во справување во ковид кризата и за нивната пожртвуваност во цел овој период.

-Овие луѓе, вработени во Центарот за јавно здравство во текот на изминатите 4 месеци беа и се на првата здравствена линија во справување и заштита од ширење на корона вирусот, не само во Битола туку и за целиот овој реон. Колку се посветени на работата зборува фактот дека и денес ког ние симболично им ги доделуваме ваучерите со кои можат да направат разни осугурувања во “СН Осигурителен брокер“, не се тука, туку се на терен. Се надеваме дека оваа наша донација ќе биде поттик и за други компании кои ќе ги наградат овие луѓе, изјави извршниот директор на “СН осигурителен брокер“, м-р Христо Кондовски.

Во име на лекарите, епидемиолозите и другите кои вчера добија ваучери од компанијата “СН Осигурителен брокер“ се заблагодари епидемиолог прим. д-р  Тони Коњановски.

Ваучерите на вработените во Центарот за јавно здравје – Битола им ги доделија Марија Илковска – советник за маркетинг, Александра Петровска – Кулевска – раководител на експозитури и администрација и Даниел Паришко – превземач на ризик, кој им објасни како и на кој начин и за која намена можат да се искористат ваучерите во “СН Осигурителен брокер“.

Имено СН Осигурителен брокер АД Битола е лидер на пазарот со осигурителен бизнис, а на пошироката јавност им е познат и по деловните успеси. Познат донатор во културата и спортот, во низа проекти на инстутуции, организации и поединци.

GOLD
To Top