Новости

Битола инфо

СН Осигурителен Брокер А.Д Битола подари вредносни ваучери на здравствените работници во Битола

СН Осигурителен брокер АД Битола, денес во Клиничката болница “Др Трифун Пановски” врачи 13 вредносни ваучери, со вкупна вредност од 65.000 ден кои ќе бидат подарени на здравствените работници кои беа во првата линија поврзана со КОВИД 19 кризата.

Ваучерите се однесуваат на користење на сите услуги кои СН Осигурителен брокер АД Битола ги нуди на пазарот, а со овој мал гест на хуманост, оваа успешна комапнија покажува одговорност кон државата, клиентите и заедницата како целина.

“Нашата комапнија во сите години на постоење донирала. Но, изминатите недели сме свесни, дека општествената одговорност како задача, никогаш не била поважна од сега. И затоа се одлучивме на овој начин да дадеме и поддршка и позитивен пример, само да потстетиме колку ангажманот на здравствените работници го цениме” – истакна Христо Кондовски – извршен директор на СН Осигурителен брокер АД Битола.

СН Осигурителен брокер АД Битола е лидер на пазарот со осигурителен бизнис, а на пошироката јавност им е познат и по деловните успеси, но и по филантропијата и залагањето да се придонесе кон унапредување на квалитетот на животот во сите сфери на општеството. Познат донатор во културата и спортот, во низа проекти на инстутуции, организации и поединци, со една цел, дел од профитот да го врати во пошироката општествена заедница.

“Помошта кон здравството и здравствените установи, со оваа криза ни покажува дека треба да биде трајна определба на комапнијата. Грижата за здравјето и животот, како врвни човечки вредности, навистина се на првото место.” – порачуваат од СН Осигурителен Брокер АД Битола.

GOLD
To Top