Новости

Битола инфо

СН Осигурителен Брокер го проширува својот тим во Битола

СН Осигурителен брокер АД Битола, како современа компанија која во континуитет вложува во човечките ресурси и професионалните капацитети како суштински двигател на развојната компонента на компанијата, го проширува својот тим во Битола.

СН Осигурителен брокер е најбрзорастечкото брокерско друштво во секторот на осигурувањето. Доколку ги поседувате подолу наведените квалификации и истовремено имате визија и желба да напредувате во кариерата и да работите во тим со успешни професионалци и лидери во својата област, аплицирајте на следниот:

ОГЛАС ЗА СОРАБОТНИК ВО СЕКТОРОТ ЗА СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ

Реон: Битола

Опис на работно место:

  • Следи и проучува законски прописи, упатства и акти за правилно водење на сметководствените работи
  • Книжи фактури, денарски и девизни изводи, побарувања по основ на плаќање на платежни картички, регреси, компензации, трошковни благајни
  • Ефикасно комуницира со клиенти при сложување картички
  • Ефикасно комуницира со останати сектори во Друштвото
  • Чува деловни книги и сметководствени документи
  • Врши анализа, контролира и усогласува фактури со главната книга и аналитичка евиденција

Квалификации:

  • Висока стручна подготовка (ВСС) – Економски факултет
  • Работно искуство минимум 1 година во струката
  • Работно познавање во MS Office
  • Развиени организациски способности, самоиницијативност, аналитичност, почитување на рокови
  • Способност за тимска работа
  • Возачка дозвола Б категорија- ќе се смета за предност

Услови и бенифиции:

  • Загарантирана бруто-плата
  • Полно работно време од 40 часа неделно
  • Договор на определено време од 3 месеци со можност за продолжување на договорот на нeопределено време

Вашата професионална биографија испратете ја на: kariera@snbroker.mk со НАЗНАКА за работна позиција и реон во кој аплицирате.

Евротип
SNBROKER
To Top