Новости

Битола инфо

СН Осигурителен Брокер го проширува својот тим во Битола

СН Осигурителен брокер АД Битола, како современа компанија која во континуитет вложува во човечките ресурси и професионалните капацитети како суштински двигател на развојната компонента на компанијата, го проширува својот тим во Битола.

СН Осигурителен брокер е најбрзорастечкото брокерско друштво во секторот на осигурувањето. Доколку ги поседувате подолу наведените квалификации и истовремено имате визија и желба да напредувате во кариерата и да работите во тим со успешни професионалци и лидери во својата област, аплицирајте на следниот:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРАВНИК

Локација: Битола

Вештини и знаења кои ги има нашиот идеален кандидат:
– Познавање на основна постапка по Нотарски платен налог;
– Познавање на основни одредби за акционерски друштва од Закон за трговски
друштва;
– Познавање на основни постапки пред Трговски регистар;
– Познавање на основни постапки пред Агенција за вработување;
– Познавање на основни постапки пред Агенција за катастар;
– Интегритет;
– Способност за брзо учење;
– Способност за динамична тимска работа на повеќе задачи од ист и/или различен
приоритет;
– Способност за јасна и прецизна комуникација;
– Способност за работа во средина на повеќе интегрирани несродни сектори;
– Способност за работа во средина на дефинирана хиерархија и субординација;
– Познавање на основи од пакет MS Office

Квалификации кои ги има нашиот идеален кандидат:
– Универзитетска диплома по право со најмалку 180 кредити според ЕКТС;
– Возачка дозвола од „Б“ категорија (активен возач).
Услови и бенифиции за нашиот идеален кандидат:
– Пријава во работен однос од прв ден со Договор за платена пробна работа на
определено време од три месеци со можност за продолжување по успешно завршен
пробен период;
– Загарантирана бруто плата и придонеси согласно закон;
– Менторство од искусен ментор;
– Современи материјални и технички услови за работа;
– Користење на службено возило за обавување на задачи во работно време.

Вашата професионална биографија испратете ја на: kariera@snbroker.mk и nikolce.sarkovski@snbroker.mk со назнака за работна позиција „ПРАВНИК“ најдоцна до 13.02.2022 година.

Напомена: Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг. Сите примени апликации ќе бидат третирани согласно Закон за заштита на лични податоци. Апликантите во секое време може да побараат измена или бришење на нивните апликации од нашата архива со допис на адресата за апликација.

Евротип
SNBROKER
To Top