СН Осигурителен брокер го проширува тимот во Битола – аплицирај за соработник за реализација на оштетни побарувања

Бидете дел од најбрзорастечкото брокерско друштво во секторот на осигурувањето – СН Осигурителен брокер АД Битола.
Ако имате визија и желба да напредувате во кариерата и да работите во тим со успешни професионалци и лидери во својата област, АПЛИЦИРАЈТЕ за:
СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРИЈАВА И АСИСТИРАЊЕ ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОШТЕТНИ ПОБАРУВАЊА
Реон: БИТОЛА
– Следење и проучување на законски прописи од областа на осигурувањето,
– прибирање на потребна документација за настаната штета;
– води прецизна евиденција за својата работа, како и уредна документација која лесно може да се пребарува во секое време;
– комуницира со оштетени лица и осигурителните компании во врска со обработка на предмети за надомест на штета;
– изготвува мислења, извештаи и друга документација поврзана со процесот на ликвидација на барања за надомест на штета;
– врши и други сродни работи.
Потребни квалификации:
– Висока стручна подготовка (ВСС) (машински факултет: отсек сообраќај и транспорт ќе се смета за предност)
– Работно искуство во областа на надомест на штети- ќе се смета за предност
– Работно познавање на MS Office пакетот
– Чувство за однос со клиенти
– развиени организациски способности
– возачка дозвола Б категорија
– вештак од областа на машинството- ќе се смета за предност.
Услови и бенефиции:
– Загарантирана бруто-плата
– полно работно време од 40 часа неделно
– договор на определено време од 3 месеци со можност за продолжување на договорот на енопределено време
Вашата професионална биографија (CV) пратете ја на нашата е-маил адреса kariera@snbroker.mk со НАЗНАКА за работна позиција и реон во кој аплицирате.
Напомена: Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.
