Новости

Битола инфо

СН Осигурителен брокер донираше новогодишни пакетчиња во Домот за доенчиња и мали деца и центарот Порака

Како општествено одговорна компанија СН Осигурителен брокер АД Битола и оваа година традиционално донираше новогодишни пакетчиња за сите деца во Јавната Установа Дом за доенчиња и мали деца – Битола и Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА.

Корисниците на донацијата пак упатија благодарница до СН Осигурителен Брокер за континуираната поддршка на најмладите.

„Традиционално, нашата новогодишна мисија беше да ги  израдуваме дечињата во Домот со новогодишни пакетчиња, а со нашата донација уште еднаш да ја пренесеме пораката за солидарност. Благодарницата која ни ја врачија од Јавната Установа Дом за доенчиња и мали деца – Битола за нас не е само потврда за досегашната поддршка која СН Осигурителен Брокер традиционално ја обезбедува за штитениците на оваа установа во рамките на стратегијата за општествена одговорност, туку е и обврска и во иднина да продолжиме со придонес за поинклузивен и правичен свет за сите деца.“-велат од СН Осигурителен брокер.

Евротип
SNBROKER
To Top