Новости

Битола инфо

СН Осигурителен Брокер и СН Сообраќаен Центар поддржувачи на спортските активности

Организациониот одбор на трката „Трчај бе“ им додели благодарници на СН Осигурителен Брокер и СН Сообраќаен Центар, како традиционални поддржувачи на спортските активности во рамките на овој настан, но исто така и како компании со свои учесници во трката.

Имено, на 4 септември во Битола 1.400 од 12 земји трчаа на три патеки долги 5, 10 и 21км низ Битола. ТРЧАЈ БЕ од годинава има и статус на Национално првенство во полумаратон, официјално дел од календарот на Атлетската федерација на Македонија.

Тимот на СН Осигурителен Брокер и СН Сообраќаен центар со 12 учесници беше меѓу најбројните тимови на трката ТРЧАЈ БЕ. Двете компании воедно беа и меѓу спонзорите на трката потврдувајќи ја со тоа и својата општествена одговорност како големи поддржувачи на спортот.
На претставници на двете компании благодарниците им ги врачија Никола Димитровски, директорот на “ТРЧАЈ БЕ“ и Дарко Јанкуловски од организациониот одбор на трката.

„Чест и задоволство ни беше да ги примиме благодарниците од “ТРЧАЈ БЕ“ како потврда на нашата стратегија за општествена одговорност во чии рамки покрај другото го поттикнуваме спортскиот дух и здравиот начин на живот на нашите вработени.“-изјави Даниел Паришко, раководител на секторот за прием во осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

„Со Димитровски и Јанкуловски разговаравме за продлабочување на нашата идна соработка со ТРЧАЈ БЕ. Покрај тоа имаа можност да се запознаат со сите содржини на СН Осигурителен Брокер кој ги нуди сите видови осигурување од сите осигурителни компании и СН Сообраќајниот Центар, кој обединува спектар на различни меѓусебно поврзани услуги со цел да им ги олесни сите потребни процеси на граѓаните за одржување и грижа на моторните возила.“-рече Паришко.

За време на посетата се запознаа и со процесот на технички преглед и регистрација на возила, што може да се направи и на 12 рати без камата. Имаа можност да видат и како функционира Техничката служба, Сервисот за моторни возила и Автопералната. Сите тие, вклучително и модерен ресторан, се сместени во современо опремен комплекс на улицата „Михаил Апостолски Дончо“ број 7, на Новачки пат во Битола, со цел на корисниците да им се понуди комплетна услуга на едно место.

Евротип
SNBROKER
To Top