Новости

Битола инфо

СН Осигурителен Брокер објави конкурс за најдобар истржувачки труд и есеј од областа на осигурувањето

Осигурителното Брокерско друшство СН Осигурителен Брокер А.Д – Битола во соработка со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола распишуваат конкурс за најдобар истражувачки труд и најдобар есеј од областа на осигурувањето.

Право на учество на Конкурсот имаат студентите од прв циклус на студии на насоката Осигурување при Факултетот за туризам и угостителство Охрид, УКЛО Битола, кои имаат запишано семестар во академската година 2020/2021 година.

Студентот има право да конкурира за:

  • Најдобар истражувачки труд
  • Најдобар есеј

За најдобрите истражувачки трудови и најдобрите есеи се доделуваат плакети и парични награди, и тоа:

  1. Истражувачки труд

– прва награда 30.000 денари
– втора награда 20.000 денари
– трета награда 10.000 денари

  1. Есеј

– прва награда 15.000 денари
– втора награда 10.000 денари
– трета награда 5.000 денари

На следниот ЛИНК може да најдете повеќе информации за конкурсот, а во најдолниот дел следи и упатство за изработка на есејот и истражувачкиот труд.

Упатство за изработка на  есеј

Упатство за изработка на истразувачки труд

СН Осигурителниот Брокер А.Д Битола останува лидер на пазарот со осигурителен бизнис, а на пошироката јавност им е познат и по деловните успеси, но и по филантропијата и залагањето да се придонесе кон унапредување на квалитетот на животот во сите сфери на општеството. Познат донатор во културата и спортот, во низа проекти на инстутуции, организации и поединци, со една цел, дел од профитот да го врати во пошироката општествена заедница.

GOLD
To Top