Новости

Битола инфо

СН Осигурителен брокер организираше работен семинар за асистирање при реализација на оштетни побарувања

„Асистирање при реализација на оштетни побарувања“ е темата на која СН Осигурителен Брокер АД Битола организираше работен семинар за вработените од подружниците низ Македонија.

На семинарот кој што се одржа во седиштето на осигурителното друштво во Битола, своите искуства ги пренесоа предавачите Роберт Ѓорѓиевски, раководител на секторот за штети, Љупчо Поповски и Јасминка Димитровска-Босилкова од истиот сектор.

“СН Осигурителен брокер АД Битола е најголем брокер на пазарот на осигурување по број на вработени и по број на експозитури. СН

Осигурителен брокер АД Битола несебично вложува во кадри кои сакаат да се надоградуваат во осигурувањето и кои ќе му понудат дополнителна услуга на осигуреникот со максимална посветеност и отвореност. И овој работен семинар е во функција на надоградување на капацитетите на нашиот кадровски потенцијал. Со голема посветеност на сите вработени продолжуваме да бидеме партнер во кој нашите клиенти можат безрезервно да веруваат.“-вели раководителот на секторот за штети Роберт Ѓорѓиевски.

Ова е втор работен семинар посветен на асистирање при пријава на штети и реализирање на оштетни побарувања со цел да им се обезбеди најефикасна поддршка на клиентите.

Евротип
SNBROKER
To Top