Новости

Битола инфо

СН Осигурителен Брокер со благодарност до вработените по повод осмиот роденден на компанијата

„Четврти декември за нас е посебен ден! Денеска СН Осигурителен Брокер АД Битола одбележува 8 години постоење, период во кој нашата компанија прерасна во најголем осигурителен брокер по бруто полисирана премија и реализирани штети во Македонија, како и по територијална покриеност и број на лиценцирани осигурителни брокери.“-соопштија денеска од СН Осигурителен Брокер објавувајќи честитка со фотографии од вработените по повод осмиот роденден.

Од таму појаснуваат дека успешната приказна на СН Осигурителен Брокер започнa на крајот на 2014 година, предводена од визијата на основачите Христо Кондовски и Зоран Пејчиновски, и двајцата докажани претприемачи. Денеска компанијата има развиена мрежа од 42 подружници низ цела Македонија.

Претседателот на Одборот на директори, Христо Кондовски и Главниот извршен директор на компанијата, Зоран Пејчиновски и денес успешно го одржуваат извонредниот развоен капацитет на друштвото, а нивната визија во дело ја спроведуваат 140 вработени – млад, перспективен и високо образуван кадар посветен да биде вистинска поддршка на осигурениците.

СН Осигурителен брокер е компанија посебно фокусирана на потребите на клиентите. Тоа е однос кој се темели на меѓусебна доверба и партнерство. Секој од нашите 140 вработени посветено работи нашите осигуреници да добијат квалитетна, ефикасна и навремена услуга за сите видови осигурување.

Нашите вработени се двигател на растот и развојот на СН Осигурителен брокер, што е причина на овој роденден најголемата благодарност да ја упатиме токму до нив, велат од компанијата.

Среќен роденден СН Осигурителен брокер!

Евротип
SNBROKER
To Top