Новости

Битола инфо

Со SN VISA картичката, СН Финансии докажа дека е лидер во развојот на Финтек индустријата, рече Кондовски

Вчера беше промовирана првата SN VISA card, која е резултат на партнерска соработка помеѓу првата Финтек компанија во Македонија основана со домашен капитал Финансиското друштво СН Финансии, Силк Роад Банка и VISA. SN VISA card е идеална за секој кој сака брз кеш. Поврзаноста со лидерот на глобално ниво за дигитални плаќања VISA е гаранција дека ова ќе овозможи побрз пристап до кеш за поединци, бизниси и економии кои сакаат да напредуваат.

 

 

Христо Кондовски, кој е косопственик и член на Надзорниот одбор на СН Финансиското друштво, го поздрави издавањето на првата SN VISA картичка во партнерство со Silk Road банката.

„Промоцијата во Битола на SN VISA картичката е слика за тоа како една Финтек компанија може со банкарскиот сектор да понуди производ кој ги надминува стандардите на класичните кредитни картички. СН финансиско друштво, на чие чело е мојот драг пријател и бизнис партнер Никола Јошевски е првата Финтек компaнија во државата основана со домашен капитал, која за кратко време одлично се позиционираше на пазарот и изгради имиџ на брз и квалитетен сервис на полето на кредитирањето, платежните картички, издавањето гаранции и факторингот. Им честитам што покажаа дека со квалитетен тим и од Битола се може!“, истакна Кондовски.

Оваа картичка клиентите можат да ја добијат за само 15 минути, што всушност претставува најкраток рок на чекање до кеш кој е познат на овие простори.

СН Финансии е една од водечките Финтек комапнии во овој дел од Европа, кои наметнаа дигитална револуција во онлајн кредитирањето.
Компанијата е препознатлива и по сите свои проекти кои ѝ го даваат епитетот на општествено-одговорна комапнија која ги поместува границите кога станува збор и за корпоративна култура, која е суштински темел на нејзиниот успех.

Промовирана првата SN VISA картичка – едноставно и флексибилно до брзи пари (Видео+фотогалерија)

Евротип
Евротип
To Top