Новости

Битола инфо

Средба на Кондовски со битолските стопанственици

Кандидатот за градоначалник на СДСМ Христо Кондовски денеска на средба со битолските стопанственици кои му ги предочија своите потреби и интереси.


„На мое огромно задоволство денеска остварив средба со претставници на Регионална Стопанска комора Битола под претседателство на г. Мирко Велковски. Седнавме на заедничка маса со стопанствениците за да ги слушнам нивните предлози, идеи и проблеми, кои сум ги споделувал и досега бидејќи и самиот имам богато искуство во стопанството. Тука сме да ги надополниме и се надевам на најдобри можни решенија.
Стопанствениците се оние кои се двигател на локалниот економски развој. Обрнувајќи им ним големо внимание, обрнуваме внимание на цела Битола, онака како што ја замислуваме – локално, економски, развојна Општина Битола!
Дискутиравме за важноста од подобрување на патната инфраструктура, но и за значењето на проектите од национално значење, како што се топлификацијата и гасификацијата.
Интерно во Битола, кажано народски, до таблите каде што пишува Битола, веќе не треба да станува збор за тоа што треба да се направи. Градот има буџет, има ресурси, има администрација, стабилни фирми и јавни претпријатија и подобра инфраструктура е реално достижна!
Заради законските одредби не можам да откривам детали од програмата, но секако голем дел се однесува токму на инфраструктурата.
Што се однесува до плановите за гасификација и топлификација тоа е национална стратегија. Нивната реализација не е флоскула, туку реалност и среќен сум што проектите за гасификација и топлификација се во напредна фаза“, потенцираше Кондовски.

Мирко Велковски, претседател на Регионалната Стопанската комора рече:
„Денес сакаме кандидатот за градоначалник на СДСМ Христо Кондовски да се претстави и потребите и интересите за стопанството во Битола кои ни се многу важни ние да ги поставиме, да влезат во програмата а тој сигурно да одговори во кој што еве 20 години не сме добиле човек од бизнис заедницата, е среќа што се кандидирал еден ваков кандидат и многу ќе значи за Битола, за стопанството, од причина што знаете Битола во која фаза остана во овие 20 години каде што фалат улична инфраструктура, фалат делови од ГУП-от, планови детални кои чекаат повеќе од 5 до 10 години, така што стопанството очекува промена, очекува многу значајни проекти од новиот градоначалник. Ние сме среќни секој што ќе понуди програма да ја прифатиме квалитетна и таа програма да биде исполнета во следните четири години“, рече Велковски.

СН Брокер
To Top