Новости

Битола инфо

Тимот на Webiart Creative Agency за прв пат поддржувач и учесник на Трчај бе

Маркетинг агенцијата Webiart, беше дел од најголемиот спортски спектакл во Битола, третото издание на трката Трчај бе.
Еден од најдобрите начини за мотивирање на вработените се ваквиот тип на спортски активности.
Спортските настани ги подобруваат меѓучовечките односи во тимот, развиваат подобра и поефикасна комуникација и создаваат поздрави личности на забавен и интересен начин, а Webiart е една од компаниите кои ги препознаваат овие предности.
“Оваа година сме во улогата на поддржувачи и учесници на ТРЧАЈ БЕ. Дел од нашиот тим трчаше, а дел беше на штандот за освежување и поддржување на учесниците.


Ние сме ИТ компанија и нашето секојдневие се долги часови пред компјутер и работа во динамична индустрија која се менува со брзо темпо, затоа ваквите активности, реализирани како еден лесен тим билдинг се одлична можност за рекреација и опуштање на нашиот тим, но и за креирање креативен мајндсет фокусиран на упорност и дисциплина.Дисциплината и упорноста во комбинација со забава и дружба се принципите според кои ние ги остваруваме нашите цели, како во компанијата, така и во спортските активности. За врвни резултати, потребен е посветен и продуктивен тим на вработени кои се познаваат меѓусебно, го негуваат тимскиот дух, а во исто време се забавуваат. Трчачки настан со забавен карактер како ТРЧАЈ БЕ токму тоа им го нуди на компании како нашaта.“ – велат од тимот на Webiart.

Времето се менува и во иднина многу ИТ компании ќе ги препознаат бенефитите од учество на ваков тип на настани, кои ја промовираат тимската работа како клучен аспект од секојдневното функционирање.
Спортските настани градат поинаков карактер и лични квалитети, како што се храброст и капацитет да се биде посветен на целта, како и почит кон другите, самодисциплина и мотивација.

СН Брокер
To Top