Новости

Битола инфо

Тројца повредени во сообраќајка кај клучката кај Кукуречани

На 07.07.2020 во 21.25 во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола, кај клучка „Кукуречанска” патничко возило „опел инсигниа“ со битолски ознаки, управувано од Н.С.(22) од с.Могила, излетало од патот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Л.А.(21) од с.Могила и Д.Н.(28), додека возачот се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола каде им била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа на СВР Битола.

GOLD
To Top