Новости

Битола инфо

Уапсен битолчанец кој криумчарел мигранти од Мароко

Полициски службеници од СВР Битола вчера го лишиле од слобода М.С.(46) од Битола откако биле пронајдени пет мигранти од Мароко во патничко возило „фолксваген шаран”, со битолски регистарски ознаки, кое тој го управувал.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, битолчанецот бил уапсен при контрола на возилото, вчера во 18:25 часот кај местото викано Преслап-Маково, пред битолското селото Маково.

-Мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија и по целосно документирање на случајот против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Евротип
SNBROKER
To Top