Новости

Битола инфо

Убавината на манастирот „Света Ана“ во село Маловишта

Во срцето на Националниот парк Пелистер, среде букова шума, на надморска висина од 1400 метри и на 2 километри од селото Маловишта, се наоѓа манастирот посветен на мајката на Пресвета Богородица, Света Ана. Постојат извори кои сведочат за неговото постоење уште во средината на 18 век. Денешната црква, пак, е изградена во 1936 година, додека конаците, во повеќе наврати, биле градени во дваесеттиот век.

 

Манастирскиот комплекс ќе ги прими сите добронамерници кои сакаат да и се помолат на Св. Ана, да и оддадат почит, но и да се освежат и уживаат во единствената природна убавина која ја нуди ова место.

Во овој манастир доаѓаат и многу брачни парови кои немаат деца. Постои верување поврзано со манастирот Света Ана кое вели дека манастирот има чудотворна моќ да дава пород. Брачните парови на 6–ти наспроти 7–ми август треба да преспијат во просториите на црквата Света Ана. А таа ќе ги слушне и исполни нивните молитви и ќе ги успокои и израдува нивните души. Мештаните раскажуваат за многу брачни парови кои немале деца, но по посетата на манастирот добиле пород и благодарни, секогаш доаѓале на славата на манастирот. Во близина на манастирот има и лековита вода што извира од коренот на една бука и тука е од памтивек.

GOLD
To Top