Уписите во средните училишта во Битола се одвиваат според протоколите

Од денеска до 18 јуни ќе се спроведува првото пријавување од јунскиот рок за упис во учебната 2020/2021 година, според критериумите утврдени во Конкурсот на Министерството за образивание и наука за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за настава во гимназиско, стручно, уметничко и за средно образование за ученици со посебни образовни потреби.
Уписот ќе биде организиран и спроведен согласно со насоките од Протоколот усвоен од Владата по препорака од Комисијата за заштита од заразни болести, кој е проследен до сите училишта.
Битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ на својот Фејсбук профил објави фотографии од текот на уписите.
