Новости

Битола инфо

Упис на првачиња – тема на онлајн состанокот на секцијата психолози и педагози

Секцијата на членови на стручните служби психолози, педагози, дефектолози одржа он- лајн состанок пред почетокот на упсите на ученици во првп одееление. На овој состанок на дневен ред прашања поврзани со упис на првачиња. Оваа година заради вонредната ситузација со пандемијата запишувањето на учениците во прво одделение за оваа учебна 2020/21 започнува на 1 јуни. Врз основа осноба на одредбите на Законот за основното образование учесниците на секцијата дискутираа за завземање на заеднички ставови при уписпт кој оваа година заради пандемијата ќе се врши според посебен протоклол со спроведување мерки на заштита. Секој учесник изнесе свое излагање и низ дискусија произлегоа заклучоци со кои сите се сложија. Донесените заклучоци кои се засновани на одредбита на Законот за основно образование. Тоа беа дека оваа година за прв пат се среќаваат со предизвик да запишуваат првачиња во посебни услови кога најважанио од се е заштита на улениците кои се запишуваат, но заштита на сите оние кои ќе присуствуваат при уписот. Заради ова со претходно упатени покани се известуваат родителите и детето за денот на запишување. Заради мерките на претпазливост еден родител присуствува при уписот и треба да го донесе детео со носење на задолжителна маска. На влезот од училиптето се спроведува дезинфицирања. Во просторијата каде ќе се врши уписот запазени се истов така мерките со дистанцирање. Членовите на комисијата за упис која е формирана претходно од директорот на училиштето присуствува при уписот во просторија во која ќе бидат запазени мерките дезинфекција на просторијата, површините на клупите, приборот за пишѕвање, дистанца, носење маски. После секое дете се врши дезинфекција на прибопр и површини.
Другите заклучоци на дневниот ред беа донесени според одредбите на законот за основно образование дека Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон. Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување. Децата во прво одделение во основното училиште оваа учебна 2020/21 се запишуваат во месец јуни, а уписот ќе трае до месец јули. При запишувањето на детето во прво одделение, родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, потврда за задолжителен системнатски, стоматолошким преглед издадени од надлежна здравствена установа, и извод од матична книга на роденте. Родителот има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува. Родителот може да го запише детето во друго основно училиште во истиот или во друг реон ако за тоа има согласност од училиштето во кое се запишува. Списокот на децата од реонот за запишување во основното училиште се добива од надлежните служби во единицата на локалната самоуправа, кои водат евиденција на постојаните и привремените жители. Запишувањето на детето во училиштето го врши комисија која ја формира директорот на училиштето. Комисијата е составена од педагог, психолог и наставник за предучилишно воспитание, односно одделенски наставник. Исто така, родителот има право да го запише во основно училиште детето со посебни образовни потреби Начинот и условите за запишувањето на учениците со посебни образовни потреби во основните училишта ги утврдува министерот, по предлог на Бирото. За овие ученици, кои се запишани во редовните основни училишта, училиштето формира инклузивен тим составен од педагогот, односно психологот во училиштето, наставникот на ученикот, родителот, односно старателот на ученикот, дефектолог, доколку има во училиштето

Во прво одделение на основното училиште родителот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години. По исклучок , детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

GOLD
To Top