Новости

Битола инфо

Утре во Центарот за култура Битола презентација на новиот систем за аплицирање проекти за идната година

Министерството за култура од годинава воведува електронска апликација за Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година. За таа цел, започнaa со обуки за корисниците по центрите за култура низ државата.
Во Битола на ден 24.09.2021 година -петок во просториите на НУЦК Битола ќе се оддржи презентација на новиот систем за аплицирање проекти за идната година.
Презентацијата е со почеток во 12:30 часот и истата ќе биде спроведена по строго попишаните протоколи за организирање настани:
-Задолжителен приказ на поседување доказ за имунизација(сертификат од Sars-Cov2) или доказ дека бил прележан вирусот во последните 45 дена(сметајќи од денот на оздравување)
Презентацијата ќе ја води стручниот тим од Министерстото за Култура. Од Центарот за култура Битола ги покануваат сите уметници кои се заинтересирани да присуствуваат.

Евротип
Евротип
To Top