Новости

Битола инфо

Утрово сообраќајна незгода во близина на ,,Кромберг и Шуберт”, се преврте автобус

Фото: Фејсбук

Утрово кај 6:30 во близина на фабриката ,,Кромберг и Шуберт” во Жабени се случи сообраќајна незгода, се превртел автобус со вработени. Ова се првичните информации од битолската полиција, од каде го потврдуваат настанот, се врши увид. Од СВР Битола велат дека повредените се надвор од животна опасност. Од клиничка болница Битола велат дека донесени се 5 повредени, сите се со лесни повреди, ниеден не е хоспитализиран.

Подетални информации во текот на денот.

 

Евротип
Евротип
To Top