Новости

Битола инфо

Формирана првата Студенската сообраќајна единица

Во рамките на Европската недела на мобилност, е формирана првата Студенската сообраќајна единица на Техничкиот факултет. Според Јасмина Буневска-Талевска, претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, тоа значи интегрирање на студентите на Технички факултет Битола, Универзитет Св.“Климент Охридски“ Битола во развојните, стручни и креативни активности со општествена одговорност и значење во областа сообраќај, транспорт, безбедност, урбан развој.

Обука на членовите на единицата им одржаа екипите на СВР Битола (Отсек за превенција), ОО Црвен Крст- Битола, Општина Битола и граѓанската иницијатива #БитолаНаТочак.

GOLD
To Top