Новости

Битола инфо

Формиран нов општински комитет на ВМРО ДПМНЕ во Битола

Денес во посета на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола беше Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски и организациониот секретар Никола Затуроски. Беше оддржан првиот состанок на новиот општински комитет и поканети гости од други партиски тела.

„Факт е дека Владата не успеа да ги реализира своите ветувања за Битола. Наместо напредок и развој, испорачаа лаги, корупција и очај. Предизборните ветувања ги почнаа токму од изградба на автопат од Битола за Скопје, но за жал не го реализираа.
Во нивниот План за живот ветуваа и темелно реконструирање и опремување на Клинички центар во Битола, и тоа остана само план на хартија. Заев вети целосна гасификација на Битола до 2020, но процесот тапка во место. Се обврзуваа планинарскиот дом Копанки да го изградат и обноват, да биде дом кој своите услуги ќе ги нуди по пристапни цени, со што уште еднаш ги излажаа битолчани. Ветуваа изградба на модерна сообраќајна инфраструктура. Економијата и инвестициите беа главен дел на програмата на СДСМ, но во свој стил, ветија и излажаа. Следува период во кој, непосредениот контакт со граѓаните, отвореноста кон битолчани и блискоста со сите вас почитувани граѓани, ќе не донеси до нови успеси и победи. За поубава иднина на сите нас и нашите деца, тука во Битола и Македонија“, се вели во испратеното соопштение на ОК ВМРО ДОМНЕ Битола до медиумите.

GOLD
To Top