Новости

Битола инфо

(Фото+Видео) Надојдениот Драгор носеше се пред себе, пумпната станица кај Довлеџик во опасност

Врнежите од дожд го зголемија нивото на водата во реката Драгор. Од ЈП Водовод велат дека алармантна е состојбата на реката Драгор кај пумпната станица која се наоѓа во населбата Довлеџик во Битола.

 

Силните врнежи, значително го зголемија водостојот на реката, а силниот налет на водата која носеше се пред себе, направи сериозен ископ на брегот во близина на еден од најклучните објекти за водоснабдувањето на Битола. Механизација на сите јавни претпријатија од утрово се на терен во обид да се контролира и санира состојбата.

-Најкритична точка, бидејќи токму е во близина на пумпната станица преку која се врши водоснабдување на општината, но и околните општини, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Битола.

-Состојбата е премногу алармантна, нивото е на високо ниво на реката Драгор, носи се пред себе, од стратешко значење е објектот. Водата мора да се пумпа од овој објект, да се снабдуваат жителите на 4 општини со вода. Голем дел од речното корито е однесено, реката е е многу надојдена, вели Горан Козаров, директор на ЈП Водовод.

Директорот на ЈП Водовод потенцира дека текот на речното корито на реката Драгор е изместено, а пумпната станица е лоцирана токму на свиок.

-Луѓе кои имаат објекти околу, правење насипи, проширување на плацевите, текот на речното корито е изместен. Овој потпорен ѕид кој беше направен пред нецел месец ја спаси целата ситуација, бидејќи досега пунктната станица ќе беше под вода. Речното корито е комплетно изменето и аглите на еден дел се благи, на друг остри затоа доаѓа на откинување на брегот. За жал овој објект се најде на таков свиок, вели Козаров.

 

Дека водостојот на реката Драгор е значително зголемен можеше да се види долж коритото низ градот.

Ваква е вечерва ситуацијата.

GOLD
To Top