Новости

Битола инфо

(Фотогалерија) Битолчани во еден глас пееја заедно со Бајага во Хераклеја

фото: Саше Богоевски

Еден од најактуелните регионални ѕвезди Момчило Бајагиќ – Бајага со својот бенд Инструктори вечерва им приреди незаборавна вечер на битолчани.

Единствено е чувството кога ќе се слушнат хитовите „Зажмури“, „Са друге стране јастука“, „Године пролазе“, „Плави сафир“ и уште многу други во уникатниот амбиент на античкиот театар во Хераклеја, а присутните во еден глас ги пееја најголемите хитови на овие простори. Испеа и неколку песни од последниот албум кој излезе лани.

Бајага безрезервно на битолчани им го сервираше својот безвременски каталог на раритетно убави песни, а тие му возвратија со огромни аплаузи и враќање на бис.

 

 

СН Брокер
To Top