Новости

Битола инфо

(Фотогалерија) Битолчани денеска на „Копанки“, отворена платформата на „Бегова Чешма“

Битолчани денеска во голем број го посетија ски-центарот „Копанки“, која е една од нивните најомилени патеки за скијање и за која велат дека е најубава во поширокиот регион.

Денеска беше пуштена и платформата на сочевата страна од патеката, на локалитетот ,,Бегова Чешма“, каде посетителите ќе можат да се одморат, а им се нуди и храна, топли напитоци и пијалоци.

-И покрај ниските температури деновиве, од една страна патеката можевме да ја одржуваме, а од друга страна имавме секојдневно посета, особено во викендите. Денес на ова сончево време користиме да додадеме нова содржина, покрај сите други подготовки на центарот, ја додадовме оваа платформа на овој сончев дел на Бегова Чешма, изјави Никола Каровски, директор на Хотел Молика.

 

Евротип
SNBROKER
To Top