Новости

Битола инфо

(Фотогалерија) Есенска рапсодија во Градскиот парк во Битола

Фото: саше Богоевски

Убавото време во последниот ден од октомври ги намами битолчани и оваа сабота да го посетат градскиот парк и да го избегнат метежот по кафулињата на Широк Сокак. Сите како да сакаат да ги искористат овие сончеви денови, пред да дојдат ноемвриските дождови и студенилото. Во паркот уживаа во есенските сончеви зраци, во разиграните бои на дрвјата, а забележавме и прекрасна пеперутка чии бои на крилјата одлично се вклопија во амбиентот. Но, се чини највесели од сите беа децата.

GOLD
To Top