Новости

Битола инфо

(Фотогалерија) Започна 51. издание на „Илинденски денови“

Со традиционалното фолклорното дефиле низ Широк Сокак, попладнево започна Републичкиот фестивал на народни игри и песни Илинденски денови.

На него освен домашните, продефилираа и фолклорните ансамбли од странство кои се гости на годинашниот фестивал, меѓу нив и учесници од Америка, Русија, Хрватска, Србија, Албанија.

 

Свеченото отворање на Фестивалот како и секоја година беше со Комитското на КУД „Илинден“, а целовечерен концерт на Хераклеја имаа Танец од Македонија и Ладо од Хрватска.

Оваа година фестивалот се реализира под мотото: „СТАРОТО Е НОВО“ – “THE OLD IS NEW”.

Евротип
Евротип
To Top